Балкан
1. August 2021 - 8:21

Нов шумски пожар во Грција, евакуирани четири села

Грчките власти се борат против шумски пожар, втор голем пожар за неколку дена, поради што евакуираа четири села во близина на Патра, третиот по големина град во Грција.

Мобилизирани се 95 пожарникари, 33 противпожарни возила, 4 авиони и хеликоптери за гаснење на пожарот во областа Зерија на Пелопонез, на околу 210 километри од Атина, соопшти противпожарната служба.

Властите испратија пораки преку мобилни телефони за да ги предупредат жителите да ги евакуираат селата Ахаја, Зерија, Камара и Лабири.

Болниците во Патра и во околината се известени да ги примат повредените, а крајбрежната стража е подготвена да ги спаси сите капачи што бегаат од чадот.

Автопатот помеѓу Пелопонез и копнена Грција е затворен.

Грција секое лето е погодена од шумски пожари, но експертите предупредуваат дека глобалното затоплување ја зголемува нивната фреквенција и интензитет.

Земјата е зафатена од топлотен бран од петокот, од кога температурите се движат помеѓу 42 и 44 степени Целзиусови.