Македонија
9. October 2020 - 16:46

Нов рекорден број заразени - дури 386, болниците се преполнуваат

Нов рекорд на заразени со Коронавирус во Макједонија. Изминатото деноноќие регистрирани се 386 нови случаи. Позитивни биле 17 проценти од направени 2267 тестирања. Најмногу новоинфицирани има во Скопје 178, Струмица 44, Прилеп 20, Куманово и Гевгелија по 18, Битола 13...

Министерството за здравство информираше и за уште 6 починати лица последните 24 часа од компликации од вирусот на возраст од 44 до 81 година. Од почетокот на пандемијата  вкупната бројка на заболени во земјава надмина 20.000, оздравеле 16.009 граѓани, починале 781, а во моментот има 3373 активни случаи. Од нив 415 поради компликации се хоспитализирани.

Порастот на бројот на новоинфицирани ги наполни инфективните одделенија во целата држава. Нема место во Ковид-центрите во Струмица, Прилеп, Велес и Куманово. Освен со простор овие болници се соочуваат и со недостиг на стручен кадар.  Во кумановската болница дежураат само 2-ца инфектолози.

-Ние алтернатива имаме на одделот за психијатрија можат да се сместат дополнителен број на пациенти, но ќе речам дека тоа не е баш добро решение и да ставиме таму да работат општи лекари, сепак треба консултација со инфектолози, а ние имаме само 4-ца инфектолози, од кои само двајца дежураат, изјави за Сител д-р Снежана Захариева, директор на ЈЗУ општа болница Куманово.

Инаку покрај Инфектолози, речиси во целата држава има недостиг и на анестезиолози и медицински сестри.