Свет
19. September 2017 - 20:57

Нов разорен земјотрес го стресе Мексико Сити: Зградите се нишаа, луѓето во паника излегоа на улиците

Силен земјотрес го погоди Мексико Сити, а сведоците тврдат дека ужасниот тремор ги нишал зградите како дрвја.

 

 

Илјадници луѓе излегоа на улица бегајќи од своите домови.

Американскиот геолошки институт издаде соопштение дека земјотресот бил со јачина од 7,4 степени по Рихтер.

Моментално нема информации за жртви и разорноста на земјотресот.