Бизнис
14. May 2018 - 12:52

Нов раст на цената на горивата, по стара цена наточете само вечерва до полноќ

Малопродажните цени на горивата од утре се зголемуваат од еден до два денара.

Според Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика донесена денеска, цената на Еуросупер БС - 98 се зголемува за два денара за литар и ќе се изнесува 73,50 денари. Цената на Еуродизелот се зголемува за еден денар и ќе биде 63 денари за литар, а малопродажната цена на Еуросупер БС-95 и Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 1,5 денар и ќе изнесува 71,50, односно 52 денара.

Се зголемува и цената на мазутот за 2,1 денар за килограм. Новата цена ќе изнесува 32,13 денари за килограм.

Просечната цена на суровата нафта во изминатите 14 дена изнесуваше 75,134 долари за барел, а курсот на денарот во однос на доларот 51,30 денари.