Македонија
16. October 2015 - 17:15

Нов пункт на итната медицинска помош во Ѓорче Петров

Над 100.000 жители од Ѓорче и околината добија Брза Помош. Во пунктот во поликлиниката 24 часа ќе има медицинска екипа. Засега ќе работи само еден тим во смена, а доколку има потреба итните случаи ќе се покриваат од базата во Карпош.

-Со ова значително ќе се скрати времето на пристигнување на екипите до местата во овој регион  каде треба да се пружи итна медицинска помош, изјави Никола Тодоров, министер за здравство

Во меѓувреме во поликлиниката во Ѓорче почна со работа и 5-от специјалистички кабинет. Граѓаните со кожни заболувања нема потреба да се малтретираат да одат на клиника или во друга здравствена установа.

-Целта е здравствените услуги да ѓи доближиме до граѓаните. Сега 90 проценти од пациентите се третираат во поликлиниките, а само 10 проценти се препражаат на повисоко ниво за здравствена услуга, изјави д-р Татјана Баевска Вучковиќ, директор на Здравствен дом Скопје

Наскоро во поликлиниката ќе се врши и дијагностика за невролошки заболувања.  Со новиот апарат ќе работи лекар од оваа установа бил на обука во Словенија.