Македонија
8. February 2019 - 17:09

Нов протест за загадениот воздух, владата без одговор како се трошат парите за борба со аерозагадувањето

Трет повик за масовен протест против аерозагадувањето упатија од иницијативата Канцерогено Општество. Револтот кон властите ќе го изразат со двочасовно блокирање на булеварот пред Собранието. Бараат од властите во рок од 1 година да ги решат регионалните депонии, да се справат со големите загадувачи и апелираат на заедничко делување со сите еко здруженија и активисти.

„Во моментов сме четврта земја во светот по заболување од канцер на бели дробови. Трета во светот по смртност од канцер на бели дробови и на второ високо место во Европа Додека надлежните институции се правдаат за проблемот болниците се полнат. Утре во 13 часот иницијативата по трет пат ќе организира мирен масовен протест.

Министерот за здравство рече дека вчера е  распишан тендер за набавување нов систем на затоплување во болницата Чаир, која градот ја класифицираше како загадувач поради густиот црн чад што го пријавија граѓаните. Градоначалникот Шилегов даде рок од 30 дена надлежните да изнајдат решение во спротивно најави затворање на родилиштето.Град Скопје не отстапува од одлуката бидејќи се уште не добиле доказ од министерството дека е почната некаква постапка.

Од О2 иницијативата пак бараат одговори од Владата каде и како се потрошени средствата наменети за намалување на аероагадувањето и за животна средина.

„ Очигледно средствата за кои велеа дека ќе одат ИСКЛУЧИВО за животна средина, одат за други потреби. Ја поминавме првата недела на февруари, до сега сиве информации треба да се добро познати и утврдени.“

Од граѓанската иницијатива прашуваат кога ќе се набават нови мерни инструменти кои беа најавени дека ќе се обезбедат преку донација.