Македонија
13. December 2018 - 16:39

Нов протест во Клинички центар - освен поевтинот паркинг побарани и повисоки плати

Здравствените работници од скопските клиники не се откажуваат од протестите. Поскапениот паркинг сега е во втор план а од денеска на преговарачка маса со министерот бараат исто зголемување на платите, не само на лекарите туку и на останатиот медицински кадар. Од средбата со премиерот Заев која треба да им ја договори Филипче ќе зависи до кога ќе траат полчасовните блокади на наплатниот пунк во Клинички.

-Разговаравме, сега има и други барања, очекуваме на премиерот да му го кажеме сето тоа, вели Горан Беговиќ, претседател на Синдикат на Клинички.

Министерот за здравство на попладневната средба им кажал дека парите се тие и нема простор за повеќе. Филипче вели за паркингот ќе бараат решение да биде вратен на Клинички а најави и две катни гаражи со кои ќе ги зголемат паркинг местата.

-Парите се тие и јас и порано им кажав на претставниците од Синдикатот дека направивме максимум и за 2020 ќе има и друго зголемување, вели Венко Филипче, министер за здравство

А денеска за време на паузата, вработените од скопските клиники трет ден протестираа и 10 минути го блокираа наплатниот пункт за излез од Клинички. Додека траат полчасовните блокади побараа од градски паркинзи во тој период да им ги отвораат рампите на пациентите со возила за да нема застој. Револтотот на здравствените работници ескалираше по одлуката за двојно зголемување на цената за паркирање а беа наврењднеи и од изјавата на Шилегов дека се привилегирани.