Македонија
23. September 2022 - 16:39

Нов протест ва вработените во водостопанство „Брегалница“ - Три месеци не добиле плата

За неполн месец, вработените во водостопанската подружница „Брегалница“ – Кочани, повторно излегоа на протест. Причина е што и покрај покрај успешната реализација на работните задачи за одржување на каналската мрежа и наводнување на земјоделските површини во источниот регион, плата немаат земено за 3 месеци.

  • Има околу 500 до 600 вработени во АД Водостопаснтво. Сите подружници немаат земено 3 месеци плата, а веќе за една недела доспева и четвртата плата за месец септември. Во оваа економска криза која не зафати сите, тешко е да се издржуваат семејствата без неисплатени плати на вработените. Состојбата е навистина загрижувачка, изјави вработена во подружница „Брегалница“ - Кочани.

Револтирани се и што никој не ги удостоил да им одговори на прашањето зошто не се дели плата и која е причината.

  • Се собравме повторно спонтано вработените, бидејќи немаме никаков одговор, ниту од нашиот раководител, ниту од АД „Водостопанство“ кое е надлежно за нашата и за останатите подружници-изјави Драга Петрова, вработена во подружница „Брегалница“ - Кочани“

Парадоксално е велат што, наплатата за воден надоместок во подружницата е околу 90%, а тие не можат да си ги подмират основните потреби. Сметаат дека е потребна итна реорганизација, зашто средствата им се одлеваат за непродуктивни трошоци.