Македонија
9. April 2021 - 19:57

Нов протест пред Кривичниот суд за убиството на Саздо

Час и пол блокада на булеварите од Чаир до Мавровка. Навивачката група Шверцери предводена од семејствата на осудените за убиството на Никола Саздовски Саздо оддржна протест во знак на поддрша за осудените. Маршираа од паркот во Чаир до Кривичниот суд, кој беше под силно полициско обезбедување.

Семејствата на осудените Скендер Демири и Бесир Беља не сакаа да дадаат изјава на македонски, што бараат од надлежните институции. Но преку првичните најави за организирање на протестот, семејствата бараат правда за своите најблиски и преквалификација на делото од „убиство“ во „насилство со смртни последиоци“ Реагираат и дека пресудите биле донесени  на етничка основа.

Бесир Беља и Скендер Демири беа осудени на 19 години затвор. Потоа скопска Апелација им ја намали казната на 16 години. Токму ова беше причината поради која семејството на убиеното момче  и претставници на навивачката група Комити, чии член беше и Саздо,  вчера поднесоа жалба до обвинителството.

Убиството се случи пред речиси три години. Саздо беше претепан на автобуската постојка во Автокоманда, а по 10 дена им подлегна на повредите во болница.