Македонија
3. December 2017 - 20:38

Нов протест на ВМРО-ДПМНЕ против апсењата за 27 април

Неправда е судската постапка која се води против основачите на граѓанската иницијатива за заедничка македонија и шестмината пратеници, изјави вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на најголемиот протестен марш за поддршка на притворените за собраниските инциденти од 27 април.

Според Груевски, недозволиво е зад решетки да се луѓе кои си ја сакаат татковина а во исто време да се пуштаат на слобода осуденици за тешки кривични дела.

Во својот говор Груевски се осврна и на повеќе теми од политиките кои ги води новата власт.. Тој забележа дека владата покажува поразителни резултати во економијата, а на улиците владее криминал.

Според Груевски, неправда е потпишувањето и на како што вели штетниот договор со Бугарија но и создавањето услови за промена на уставното име на државата..

На вечерашниот протес за поддршка на притворените од собраниските инциденти присуствуваше и генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски како и повеќемина членови на извршниот комитет.

Од партијата најавиа дека протестите ќе продолжат и утре пред Министерството за правда..