Македонија
23. September 2020 - 18:55

Нов протест на ВМРО-ДПМНЕ

Почна протестот на ВМРО-ДПМНЕ против неправди, реваншизам и насилство кое според нив го спроведува актуелната власт на чело со Заев.

Тие ја обвинуваат власта дека е коруптивна и криминална. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ преку социјалните мрежи ги повика симпатизерите и членството да излезат и денес на улица бидејќи како што напиша:

-Поминаа 4 години, оваа иста, стара и потрошена влада направи ли вистинска борба против криминалот и корупцијата или станаа мафија? Праша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на фејсбук како најава за денешниот протест. 

Целта на протестот е како што велат од опозициската партија е да се искаже револт кон актуелната Власт.

Собраните граѓани ќе маршираат од Министерството за правда до Кривичниот суд

 

 

 

Александар Динев