Нов протест на студентите во Грција
Да се отворат факултетите, да не се воведе универзитетска полиција и да не се имплементира новиот закон за високо образование, изгласан во Парламентот, се барањата на грчките студенти кои денеска ќе одржат нов протест.
Иако новиот закон пред две седмици доби зелено светло од грчките пратеници, студентите не се откажуваат од нивната битка и велат дека веќе еден месец ги преполнуваат улиците во Атина, а нивните слогани и барања гласно се слушнаа.
-Владата во време на пандемија го донесе законот, со надеж дека ќе не фати на спиење за да не наиде на реакции, но големите демонстрации ѝ ги уништија плановите. Успеавме, во услови на пандемија, и покрај мизерните забрани, да ја покажеме нашата сила. Преку нашата колективност и организација ќе ја продолжиме нашата борба за законот да остане на хартија и да се вратиме на факултетите, соопштуваат од студентските здруженија кои го организираат денешниот протест во Атина.
И покрај карантинот, студентите од крајот на јануари одржаа низа протести како во Атина, така и во другите грчки градови.
Ново на Сител
-
Претседателски избори
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Владата одлучи: Деновите за гласање ќе бидат неработни за сите
-
Партиите потпишуваа кодекс за фер и демократски парламентарни избори
-
Османи лично решил Македонија да биде коспонзор на резолуцијата за Сребреница
-
ЦГК: Училиштата трошат 10 милиони евра пари на родителите без отченост и транспарентност
-
Кавга меѓу Арсовска и Костадиновска Стојчевска: Министерката ќе ја тужи градоначалничката
-
Приватните специјализанти извисија - Решение после избори