Македонија
3. May 2017 - 21:12

Нов протест на иницијативата „За заедничка Македонија“

Илјадници граѓани и денеска беа дел од протестниот марш низ улиците на главниот град, организиран од Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Протестите се резултат на нелегалниот обид за избор на претседател на македонското собрание, велат граѓаните, порачувајќи дека ќе маршираат се додека се загрозува унитарноста на РМ.

Организаторите од иницијативата порачаа дека патот по кој одат граѓаните од Иницијативата за заедничка Македонија е пат на достоинство, чест и ред. Посочија дека во Собранието е избране нелегитимен Претседател и ги повикаа партиите да седнат и да ја разрешат тешката ситуација во која се наоѓа нашата земја.

Од Граѓанската иницијатива најавија дека протестите ќе продолжат и ги повикаа македонските граѓани и утре масовно излезат на улиците.