-->
-->
Нов претседателски мандат за Васил Тупурковски на чело на МОК
-->
Васил Тупурковски останува прв човек на Македонскиот олимписки комитет и во наредните четири години.
На денешното Собрание на Македонскиот олимписки комитет (МОК) одржано во Скопје, членовите на највисокиот орган на МОК, со акламација му дадоа поддршка на Васил Тупурковски да остане на чело на најзначајната спортска организација во државата.
Тупурковски за против кандидат на изборното собрание го имаше поранешниот олимпиец кајакарот Атанас Николовски, но по презентираната програма на двајцата кандидати, Тупурковски најнапред доби големо мнозинство на гласовите на делегатите, а веднаш потоа и со акламација, нов мандат за претседателското место.
- Голема чест, задоволство и пред се обврска ми е што и во наредниот период ќе може да се грижам за подобро утре на македонскиот спорт. Знам дека ќе биде уште потешко, бидејќи критериумите се уште повисоки, но само со правилна работа и макотрпна работа мислам дека ќе успееме да го вратиме на вистински пат македонскиот спорт, изјави Тупурковски, по добивањето на новиот мандат.
Инаку, Тупурковски е на чело на Македонскиот олимписки комитет веќе 24 години, односно од формирањето на МОК во 1992 година, кој една година подоцна стана полноправна членка на Интернационалниот олимписки комитет.
- Мене ми беше чест што за прв пат во историјата на МОК; бев против кандидат на еден ваков голем спортски работник како што е претседателот Тупурковски, и се надевам дека во иднина ќе бидат прифатени и сугестиите за работа и организација на работата на МОК во иднина, изјави Николовски.
Меѓу новитетите кои ќе ги воведи МОК, а со цел на подобрување на маркетиншкото работење на организацијата ќе биде „лансиран“ интернет телевизискиот канал МОК ТВ, на кој ќе бидат емитувани и промовирани сите спортски настани од државата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела