Нов позитивен случај на Ковид-19 во штипска конфекција
Епидемиолозите бележат уште еден позитивен случај на коронавирус во нова штипска конфекција, која не беше опфатена во скрингот на седум конфекции. Работничката извесен период била на боледување, а денеска епидемиолозите прават анкета и ги утврдуваат контактите, по што ќе се утврди дали станува збор за нов седми кластер во штипскиот регион.
Директорот на Клиничка болница – Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА истакна дека на Инфективното одделение се хоспитализирани вкупно 18 пациенти или тројца пациенти помалку од вчера. Еден од оние кои болнички се лекуваат е на 80 годишна возраст и е на повремена кислородна поддршка, додека останатите се стабилни. Еден помлад пациент, кој е суспектен денеска поради влошување на состојбата е хоспитализиран на клиниките во Скопје.
На социјалните мрежи се појави и видео, кое е снимено вчера во Штип, а на кое се гледа како превозник превезува сезонски работници на плантажите со вишни во штипско-карбинскиот регион. На снимките се гледа дека не се почитуваат здравствените протоколи, ниту носење на маски, ниту пак држење на дистанца.
Младен Митев од фирмата „Фрукатана“ вели дека немаат плантажи, туку само преработувачки капацитет, а нивниот автобус вчера го позајмиле на соработници од други фирми кои имале проблеми со организирање на превозот.
– Возачот на автобусот е запознат со здравствените протоколи и има и потпишано изјава. Дадени му се и дезинфициенси и маски. Ако не ги почитувал протоколите ќе следува дисциплинска постапка. Нам здравјето на нашите и здравјето на сите сезонски работници ни е важно. Затоа што ако не се заврши бербата на вишни навреме и не се прибере родот, тогаш нема што да работиме цела година, вели Митев.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите