Македонија
30. March 2019 - 17:07

Нов пожар во Струмичко

Нов пожар во струмичко. Гори на крајниот дел од  Беласица помеѓу селата Свидовица и Куклиш. Зафатена е  шума со црн бор. Според првичните проценки горат околу 3 хектари, но поради ветрот кој дува има тенденција огнот да се прошири. За сега нема опасност за куќите и останатиот имот  во двете села бидејќи огнот се движи нагоре кон врвот  на планината. Покрај екипите на шумското претпријатие на терен се и екипи на противпожарната единица од Струмица кои прават напори за локализирање на огнот. Во моментов нема конкретни информации кои се причините поради кои избувнал пожарот. Според првичните сознанија тој започнал од ниските делови во подножјето на планината во пределот  кој е  претежно со  сува трева и почнал да се шири кон горните делови.Од шумското претпријатие претпоставуваат дека причината најверојатно е човечки фактор, но допрва ќе се утврдва дали се работи за невнимание или пак за потпалувачи.

Освен на Беласица се уште гори и на Огражден во близина на граничниот појас со Бугарија, но таму огнот е локализиран и нема тенденција за проширување туку догорува тоа што беше зафатено пред три дена.На овој дел опожарени се околу 20 хектари ретка шума, а во гаснењето учествуваа четириесетина лица од шумското претпријатие, противпожарната единица и општина Ново Село.