Македонија
19. August 2019 - 16:47

Нов пожар во скопско, гори дабова шума и во радовишко

Нов пожар во Скопско. По вчерашниот, кој се закануваше да стигне до домовите на жителите на Пинтија, од изутрината гори сува трева и борова шума над Љубин.

Пожарникарите се на терен, контролирајќи го огнот над ова скопско село.

Нема одмор за скопските пожарникари.

Од скопската пожарна велат дека нема опасност пламените јазици да стигнат до куќите на локалното население. Проблем може да претставува и ветрот, кој го менува правецот на стихијата.

Освен во Скопско, со пожарите се борат и во радовишко. Активен пожар има под планина Готен, кај село Покрајчево, каде е опожарена нискостеблеста дабова шума. Таму се интервенира со 10 пожарникари, 10 вработени од шумарското стопанство и 4 теренски возила.

Изутрината со пожар со помал интензитет се изборија тетовските пожарникари, кои интервенираа кај Групчин.