Нов повик за финансиска поддршка за ученици, пријавените во декември не треба повторно да конкурираат
Министерството за образование и наука објави нов повик за финансиска поддршка за учениците од основните и средните училишта чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари, како дел од деветтиот пакет антикризни мерки на Владата.
Може да се пријават сите ученици кои ги исполнуваат условите, а кои не се пријавиле на првиот повик што МОН го објави минатиот месец. Рокот за пријавување е продолжен поради зимскиот распуст и трае од 5 до 16 јануари годинава.
-Основците и средношколците што се пријавиле на првиот повик во декември не треба повторно да конкурираат. Исплатата на паричната поддршка по првиот јавен повик ќе се изврши во следните неколку дена. Учениците од основните училишта ќе добијат 1.200 денари месечно, а средношколците 1.800 денари, соопшти Министерство за образование и наука.
Јавниот повик ќе се објавува секој нареден месец, заклучно со мај годинава.
Ново на Сител
-
Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје
-
До април 2025 година ќе почнат градежните работи за третата фаза за Старата скопска чаршија, најави Меџити
-
Меџити за инцидентите на Денот на албанското знаме: Ќе одговараат сите кои го прекршиле законот
-
Македонец за 3,000 евра месечно отишол да се бори за руската војска во Украина
-
Пуштено во употреба метрото во Солун
-
Уапсени велешани со еден килограм кокаин | ФОТО
-
И утре облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
-
ЦУК: До 11 часот сите патни правци во државава се проодни, освен планиските делови