Loading Video...
Спорт плус
4. јуни 2018 - 15:59

Нов пораз од Летонија

Македонската одбојкарска федерација во борбен меч е поразена од Летонија со 3-0 што е 4. пораз во Сребрената лига. 
Првите два сета беа извонредно неизвесни и се решаваа со екстра поени. Подобро се снајдоа Летонците кои го добија првиот сет со 28-26 и вториот со 29-27.
Во третиот нашите одбојкaри веќе немаа сили за пресврт и противникот доминираше со 25-17.
И покрај тоа што ќе бидеме 3. во групата Македонија ќе игра на завршниот фајнал фор во Скопје како домаќин.
Првото место поради подобриот сет-количник најверојатно ќе и припадне на Летонија а нам ни преостанува да го одиграме уште мечот со Косово на 6. јуни во Скопје.