Кошарка
9. April 2016 - 11:01

Нов пораз на Сан Антонио

 Во најдобрата светска кошаркарска лига НБА ноќеска беа одиграни десет натпревари.
 
Екипата на Сан Антонио поразот во дербито со Голден Стејт, претрпе новв пораз откако ноќеска на гостувањето кај Денвер загуби со 102:89
 
Ниту расположениот Тим Данкан со учинокот од 21 поени и 7 скокови не им помогна на „Спари’’ да го избегнат вториот последователен, вкупно 14-ти пораз сезонава. 
 
Најнеизвесниот меч го одиграа Јута и ЛА Клиперс кој заврши со победа на гостите од 102:99 по продолжението. Втората победа на гостите ноќеска им ја донесе Њујорк кој кај Филаделфија славеше со 109:102.
 
На останатите натпревари каде победи забележаа домашните тимови постигнати беа овие резултати: 
Шарлот – Бруклин 113:99
Орландо – Мајами 102:99
Бостон – Милвоки 124:109
Детроит – Вашингтон 112:99
Торонто – Индијана 111:98
Њу Орлеанс – ЛА Лејкерс 110:102
Далас – Мемфис 103:93.