Loading Video...
Кошарка
15. July 2018 - 19:38

Нов пораз на младите македонски кошаркари

Македонската кошаркарска репрезентација за играчи до 20 години го претрпе и вториот пораз во Б дивизијата на Европскиот шампионат во Бугарија.
 
Откако пред два дена загубија убедливо со 40 поени разлика од Летонија, денеска избраниците на селекторот Никола Василев, се поразени од Белгија со 76-65 во меч до групата А. 
 
Утре е слободен ден за нашите младинци, кои во вторник ќе играат против врсниците од Азербејџан, а ден подоцна (среда) против Белорусија. 
 
Само двете првопласирани обезбедуваат место во четвртфиналето