Loading Video...
Ракомет
17. November 2018 - 15:40

Нов пораз на Металург во Лигата на шампионите

Ракометарите на Металург го претрпеа и седмиот пораз во Лигата на шампионите, откако попладнево во натпревар од 8.коло на Д група загубија на гостувањето во Турција од Бешикташ со 23-22 полувреме 12-12.
 
И покрај одличната игра која ја прикажаа во текот на целиот меч, сепак, металурзите не успеаја да стигнат да останат непоразени, а пред се поради очајната реализација на ударите од седум метри. Од петте седмерци избраниците на Брестовац не искористија ниту еден. 
 
Го имаа и последниот напад за израмнување, но и оваа шанса не ја искористија, па на крајот  мораа да се помират со нов пораз.  
 
Марио Танкоси и Анте Токиќ со по пет постигнати голови беа најефикасни во тимот на металург, додека кај домаќините, а воедно и на натпреварот најефикасен беше Рамазан Доне со девет постигнати гола. 
 
Во следната деветта рунда закажана за 24 ноември, Металург го пречекува Силкеборг,