Loading Video...
Ракомет
23. September 2018 - 19:04

Нов пораз на Металург во Лигата на шампионите

Ракометарите на Металург го претрпеа и вториот пораз во елитната Лига на шампиони. 
 
 
Избраниците на Брестовац уште еднаш одиграа добро прво полувеме во кое не му дозволија на противникот да се одлепи, па на полувреме Бешикташ замина со гол предност 14:13. 
 
Во вториот дел по само пет минути игра, гостите направија  серија од 5:2 и за прв пат поведоа со четири гола разлика 15:19. Ваквата предност турскиот првак континуирано ја одржуваше за на крајот за забележи победа со 30:22
 
Најефикасен во редовите на македонскиот шампион беше Јагањац со 7 голови, додека Токиќ постигна 4, а Димитровски беше стрелец на 3 гола. 
 
Следен противник на Металург е Татран Прешов во мечот кој ќе се игра во недела (30 септември) во Скопје.