Ракомет
10. March 2016 - 21:16

Нов пораз на македонските ракометарки во квалификациите за ЕП

 Женската ракометна репрезентација на Македонија го претрпе и третиот пораз во квалификациите за Европското првенстви кое кон крајот на годинава ќе се одржи во Шведска. 
 
Избраничките на селекторот Симе Симевски се поразени од Словенија убедливо со 35:17 полувреме 18:8, на мечот кој се одигра попладнево во Марибор, а е во рамките од 4-тата квалификациска група.
 
Во редовите на нашата репрезентација најефикасна беше Теодора Керамичиева која постигна 5 голови, додека Јована Саздовска и Ивана Гакидова постигнаа по 3.
 
Кај Словенија најефикасна беше ракометарката на ЖРК Вардар, Барбара Лазовиќ која средбата ја заврши со 6 постигнати голови сите во првиот дел.
 
Овие две репрезентации веќе во сабота ќе го одиграат и вториот меѓусебен дуел и тоа од 20 часот во СРЦ Кале. Македонските ракометарки квалификацискиот циклус ќе го заокружат во јуни со дуелите против Хрватска и Црна Гора репрезентации кој својот меч од 3.коло го играат вечерва во Сплит. 
 
На првите две позиции на табелата со по 4 бодови се Црна Гора и Хрватска, додека Словенија сега има 2, а Македонија сеуште нема освоено бод.