Ракомет
18. March 2017 - 18:21

Нов пораз на македонските ракометарки од Србија

 
 Женската ракометна репрезентација на Македонија по втор пат е совладана од Србија во контролен пријателски натпревар.  Во рамките на „неделата на ЕХФ“, која се користи за контролни натпревари избраничките на Симе Симовски двапати се поразени од соодветната селекција на Србија. Откако вчера загубија со 35:29, денеска црвено-жолтите се поразени со 27:43 во натпреварот кој се одигра во СЦ „Јане Сандански“.
 
Овие две средби  треба да послужат за проверка на формата на нашата репрезентација пред бараж средбите со Шведска кои ќе се одиграат во јуни, а за пласман на Светското првенство во Германија. 
 
Вечерва пак, младата селекција на Македонија до 19 години ќе го одигра вториот натпревар во квалификациите за ЕП во Словенија. Во терминот од 19 часот и 30 минути во СРЦ „Кале“ во Скопје, младите македонски ракометарки ќе играат против Молдавија.