Фудбал
9. April 2016 - 18:51

Нов пораз на Челзи во Премиер лигата

 
 Во фудбалскиот шампионат на Англија, односно Премиер лигата, попладнево се одиграа пет натпревари. 
 
Ново разочарување на своите симпатизери им приреди екипата на Челзи која на гостувањето кај Свонси загуби со 1:0.
 
На останатите натпревари кои се играа во терминот од 16 часот, постигнати се овие резултати: Саутемптон – Њукасл 3:1, Ватфорд – Евертон 1:1, Кристал Палас – Норвич 1:0 и Астон Вила – Бурнемут 1:2.
 
Во првиот денешен дуел со кој беше отворена оваа рунда Вест Хем и Арсенал играа нерешено 3:3. 
 
Денешната програма ќе ја заокружат Манчестер Сити – ВБА.
 
За утре на програмата се натпреварите, Сандерленд – Лестер, Ливерпул – Стоук и Тотенхем – Манчестер Јунајтед.
 
 
Табела: Лестер 69 бодови, Тотенхем 62, Арсенал 59, Манчестер Сити 54, Манчестер Јунајтед 53, Вест Хем 52, Саутемптон 50, Стоук 47, Ливерпул 45....