Нов оркански ветер и пороен дожд погодија делови на Велика Британија
Голем број домови делови во Северна Ирска, северозападна Англија и југот на Шкотска останаа без струја, откако доцна синоќа и во текот на ноќта во нов налет на бурата „Френк“, овие делови на Велика Британија беа погодени од силни ветрови и обилни врнежи од дожд.
Само во Северна Ирска без струја останаа околу 2.500 домаќинства, а поради големото невреме што ја зафати покраината, за сообраќај беше затворен и меѓународниот аеродром во Белфаст.
Британската метеоролошка и хидролошка служба веднаш издаде четири нови предупредувања за потенцијално катастрофални поплави во делови од Англија и Велс, кои би можеле да предизвикаат и човечки жртви, покрај веќе постоечките 48 предупредувања за излевање на надојдените води од коритата на реките и речните канали.
Доцна синоќа надојдените води на реката Варф, кај местото Тедкастер, урна голем камен мост, прекинувајќи ги цевките за пренос на гас. Десетици луѓе беа итно евакуирани од ова место, поради стравување од можна екслозија на гасот.
Метеоролозите предупредуваат дека во реонот на Ирското Море се создаваат нови силни ветрови, проследени со пороен дожд, што во текот на денешниот ден ќе погодат делови од северозападна Англија, јужна и централна Шкотска, како и Велс.
Се очекува ветерот да достигне и до 130 километри на час, а врнежите од дожд на места да изнесуваат и до 100 милиметри.
Две недели, северозападниот дел од Англија, а посебно областите Камбрија, Ланкашир и Северен Јоркшир, се погодени од катастрофални поплави, што ги предизвикаа претходните долготрајни и обилни дождови од бурата „Френк“.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација