Бизнис
4. March 2017 - 20:17

Нов оглас на кредитирање на нови работни места за мали и микро бизниси

Фирмите отворени со помош на кредитите за самовработување не само што успешно работат туку и вработуваат други лица. Домашна компанија, стартувала  со овие пари и го проширила тимот со помош на другите активни мерки.

Младиот Јован сопственик на фирмата посочува дека мерките од државата се одличен стимул за почнување сопствен бизнис.

Од пред три дена и сите мали и микро бизниси кои имаат потреба од нов кадар можат да аплицираат за добивање на кредит за отворање на нови работни места. За едно место можат да земат 3000 евра.

Според надлежните можностите за младите лица до 29 години се многу поголеми а сумите кои ги дава државата се повисоки.

Огласите ќе бидат отворени додека не се распределат предвидените средства. Мерките се дел од оперативниот план за вработување за годинава. Најголем дел од лицата кои успеале да најдат работа со помош на мерките се оние до 35 години.