Македонија
18. July 2018 - 16:46

Нов обид за Гинисов рекорд во Охридското Езеро

Охрид домаќин на уште еден подвиг за гинис.Шеeсет и четири годишниот Јане Петков-човекот амфибија ќе се обиде во Охридското езеро да постави нов рекорд со препливување на 3500 м. во вреќа и врзан со ланци без користење на никакви помагала . И покрај лабараториските анализи кои покажуваат дека се под границата на нормалата и ниското ниво на хемоглобин Петков вели дека се чуствува подготвен. Тајната на успехот според него е во контролата на мислата, медитација и дишењето.

Јане Петков од Бугарија кој во 2013 година постави Гинисов рекорд во препливување врзан со ланци и во вреќа во должина од 2388 м. на патека од Горица до охридското градско пристаниште , на 24 јули повторно ќе се обиде да изведе несекојдневен подвиг меѓутоа овој пат на поголема должина.

Инаку сегашниот гинисов рекорд во пливање врзан со ланци го поставил индиецот Гопал Карви со  препливани 3071 м. во Индискиот океан на 1.12.2013 година.