Македонија
9. December 2017 - 13:04

Нов напад во Скопје: Мајка и 6 годишен син искасани од куче

Триесет и шест годишната З.Р. и нејзиниот 6 годишен син вчера околу 14:30 часот биле нападнати и искасани од куче на улицата „Перо Наков“ во Скопје.

Како што информираат од полицијата, случајот кај нив бил пријавен од страна на сопругот и татко, Р.А. (43).

Детето било искасано од кучето во пределот на левата рака при што му биле нанесени видливи повреди, додека мајката бил искасана во левата нога со нанесени гризнатини и крварење.

На повредените мајка и син им била пружена лекарска помош од екипа од Итна медицинска помош, по што биле упатени на Клиниката за Инфективни болести.

Според очевидци се работи за куче скитник, а по пријавата на случајот полицијата ја известила шинтерската служба на Град Скопје која излегла на терен и го заловила кучето кое е пренесено во „Вардариште“.