Македонија
20. July 2018 - 15:12

Нов напад од куче во скопски Аеродром

Нов напад на куче се случил вчера во скопската населба Аеродром. Како што стои во билтенот на МВР , вчера В.Н.(50) од Скопје пријавил дека на 18.07.2018 година околу 20:30 часот на улица "Тодор Чангов" во Скопје, бил нападнат од куче-скитник при што му биле нанесени видливи повреди.