Македонија
3. December 2018 - 11:45

Нов напад од куче во Скопје - маж итно пренесен во болница

Нов напад од куче - скитник во Скопје. Како што стои во билтенот на МВР, вчера  во 22:00 часот во Полициската станица Аеродром, В.Б.(30) од Скопје  пријавил дека истиот ден околу 14:30 часот на Кеј на реката Вардар, во близина на Спортскиот центар „Јане Сандански“, бил каснат од куче скитник.

Тој е повреден во пределот на левата нога.