Џет-Сет
18. јуни 2016 - 15:30

Нов музички албум на групата Ред хот чили пеперс

По пет години, американската група Ред хот чили пеперс го објави својот нов музички албум „The Gateway“.

Калифорнискиот бенд ги израдува обожавателите ширум светот со објавувањето на новиот студиски албум, кој е најавен со песната „Dark Necessities“, чија тематика се проблемите од зависности.

Групата ред хот чили пеперс има продадено повеќе од 50 милиони албуми ширум светот, освоила многу награди и неколку пати била прогласувана за најдобра концертна група на светот.