Фудбал
15. October 2015 - 19:20

Нов малер за Ливерпул - Ингс надвор од составот докрајот на сезоната

Во период од само неколку дена премиерлигашот Ливерпул остана без услугите на два играча и тоа до крајот на оваа сезона. Откако во понеделникот при настап за репрезентацијата на Англија до 21 година се повреди бекот Џо Гомез денеска на првиот тренинг под водство на новиот менаџер Јирген Клоп истата повреда на лигаментите ја доби и напаѓачот Дени Ингс.

Ингс на досега одиграните натпревари постигна три голови во дресот на Ливерпул, а во понеделникот го имаше и дебито во дресот на англиската репрезентација.
Инаку покрај истата поверда за двајцата играчи заеднички е и тоа што во летниот преоден рок меѓу првите беа нови засилувања за тимот од Енфилд.