Спорт плус
4. August 2015 - 18:01

Нов македонски рекорд и Б норма за ЛОИ во Рио за пливачката Богдановски

Македонската пливачка Анастасија Богдановски во квалификациите на 200 метри слободно претпладнево на СП во Казањ исплива нов македонски рекорд и ја потврди Б нормата за Олимписките игри во Рио. Таа постигна време од 2:01.28 минути и го собори досегашниот нејзин македонски рекорд за 64 стотинки поставен пред една година.

Богдановски го освои второто место во третата од седумте групи во дисциплината 200 метри слободно. Во конкуренција на 63 натпреварувачки Богдановски го освои 35.место, додека најдобро време на 200 метри слободно во квалификациите имаше Американката Кети Ледецки 1:55.82 минута.

Утре во дисциплината 200 мешано ќе настапи Марко Блажевски.