Свет
10. July 2017 - 14:18

Нов круг преговори за Сирија во Женева

Со посредништво на специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Стафан де Мистура денеска во Женева започна нов, седми по ред, круг преговори меѓу претставници на сириските власти и опозицијата. 

Според најавите од ОН, се очекува преговорите за прекин на војната во Сирија и за политичка транзиција на земјата, да траат до крајот на неделева.

Новата рунда меѓусириски мировни преговори започнува откако вчера стапи во сила новото примирје во југозападниот дел на Сирија, кое е постигнато со просредништво на претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин. 

Пред почетокот на денешните преговори, Мистура одби да говори за неговите очекување од оваа рунда, иако најави одржување на прес-конференција кон крајот на денот.

На стартот на преговорите Мистура имаше средба со делегацијата на Владата во Дамаск, а попладнево треба да се сретне и со претставниците на сириската опоаиција. 

Дипломатски извори информираа дека примарна цел на овие преговори е да се создадат услови за достава на хуманитрана помош во Сирија и да се постават темелите за идното уредување на земјата по конечното завршување на граѓанската војна, што започна пред седум години.