Македонија
8. July 2016 - 17:05

Нов криминал во Струмица? Со потпис на заев хотелскиот комплекс „Цареви кули“ е легализиран по сите датуми за легализација

Струмичкиот градоначалник Зоран Заев легализирал хотелски комплекс изграден по законскиот рок за легализација на објекти од март 2011, објави магазинот Република.

Според документите до кои дошол магазинот, барателот, извесен Коце Ристовски од Струмица, поднел барање за легализација на 4 бесправно изградени објекти во вкупна површина од 645 квадратни метри со намена хотелски комплекс. Градоначалникот Заев констатирал дека условите за легализација се исполенти и донел решение за утврдување на правниот статус на објектите на 7 март 2013.

Како што пишува магазинот, се­то тоа би би­ло фер и нор­мал­но, до­кол­ку во за­ко­нот за ле­га­ли­за­ци­ја на ди­во­град­би­те не сто­и де­ка пред­мет на ле­га­ли­за­ци­ја мо­же да би­дат об­је­кти што се из­гра­де­ни, од­нос­но по­сто­е­ле пред март 2011 го­ди­на.

Имено, са­те­лит­ските фо­то­гра­фии од Гугл по­ка­жу­ва­ат де­ка на те­ре­нот ка­де што се на­о­ѓа ле­га­ли­зи­ра­ни­от хо­тел­ски комп­лекс, на  10 март 2011 го­ди­на, има со­се­ма дру­га со­стој­ба. Односно са­мо два об­је­кта кои за­ед­но не­ма­ат вкуп­на по­вр­ши­на од 40-ина ква­драт­ни ме­три. На фотографија од 4 сеп­тем­ври 2013 го­ди­на, пак хотелскиот комплекс е изграден.

Повикувајќи се на свои извори, Република посочува дека се работи за бизнис поврзан со фамилијата Заеви тврдејќи дека сопственикот на комплекост Коце Ристовски всушност бил само работник кој управува со имотот. Тој, освен хотелот, во 2013 добил решенија за легализација и на  зем­јо­дел­ски пар­це­ли, шу­ми и де­лов­ни об­је­кти во општината кои потоа ги подарил на сопругата.

Како што пишува магазинот, ако се пребара неговата адреса се појавуваат неколу документи за јавни набавки во Струмица, односно компанијата Чам Чифлик Голд, која управува ловиште, во 2012 од општината добила и тендер за поправка и уредување на тротоари вреден над 1,3 милиони денари, а во 2014 тендер од струмичкиот Комуналец вреден 2,7 милиони денари за мермери и гранит за 300 споменици.

Јав­но­ста оче­ку­ва др­жа­ва­та да го про­ве­ри овој, ка­ко и си­те дру­ги сом­ни­тел­ни слу­чаи на ле­га­ли­зи­ра­ни ди­во­град­би во оп­шти­на­та.