Нов корона бран во Македонија – можно е воведување на карантин во некои градови
Македонија дефинитивно се наоѓа во екот на новиот бран на корона вирусот. Во текот на вчерашниот ден речи си секој четврти тест што бил направен во македонските лаборатории бил позитивен па денот заврши со дури 383 нови случаи од нешто повеќе од 1600 тестови а дури 7 пациенти починаа што е втор најлош резултат во регионот веднаш зад Црна Гора земја која има нешто над 600 илјади жители и каде вчера починале 4 пациенти.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 20.937, бројката на оздравени пациенти е 16.194, на починати е 792, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.951
Очекувано, најмногу активни случаи има во Скопје 1.743 од кои по повеќе од 300 случаи се во општините Центар, Аеродром и Карпош. Нешто над 200 се во Кисела Вода и 168 во Гази Баба.
Владата утре на седница треба да ги усвои мерките кои минатата недела ги Предложи комисијата за заразни болести. Меѓу нив е и задолжителното носење на маска на отворено, забраната за групирање на јавен простор по 22 часот како и ограничувањето на можноста на гости да ви дојат повеќе од 4 лица.
Министерот Филипче веќе најави дека ако не се почитуваат овие мерки дека веројатно ќе се оди на воведување на порестриктивни мерки а меѓу нив не се исклучува и карантинот, што значи дека доколку продолжи ваквиот тренд на ширење на вирусот, веројатно повторно ќе бидеме затворени во домовите. Надлежните не ја исклучија можноста да се оди и на парцијано затворање на одредени општини каде што вирусот се има најмногу проширено.
Александар Спасовски
Ново на Сител
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та
-
Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити
-
Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето со нож во црквата во Сиднеј
-
ИДФ за снимката на заложникот објавена од Хамас: Ова е итен повик за акција