Македонија
17. May 2016 - 9:07

Нов концепт за одржлив развој на градовите во Западен Балкан

Семинар на тема „Новите градови на Балканот: Реконструкција за каква иднина?“  на кој ќе се дискутира за нов концепт за одржлив развој на градовите во Западен Балкан, ќе се одржи денеска во Скопје.

Семинарот, како што е најавено, ќе го отворат министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети и амбасадорката на Франција, Лоренс Оер, а го организира Францускиот институт во Скопје.

Во рамки на семинарот ќе се одржат две тркалезни маси на тема „Престолнините за 30 години: предизвици на иднината“, со учество на  Жак Леви, специјалист од областа на политичка географија, професор на Политехничката школа во Лозана и автор на повеќе дела, и „Интелигентни градови, нови технологии “, со учеството на  Лоран-Пјер Жилијар, заменик-директор на Агенцијата „Акитен Нимерик“, чие излагање ќе биде преку видео-конференција.

Ќе учествуваат и повеќе реномирани домашни експерти и професори од Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.