Бизнис
11. September 2020 - 10:49

Нов јавен повик на Фондот за иновации

На први октомври Фондот за иновации ќе го објави новиот јавен повик за поддршка на фирмите преку ваучери.

Фирмите нема да добиваат директна финансиска помош туку ваучерите ќе можат да ги користат за услуги он универзитетите во форма на истражувања, сертифицирање и било каков тип научна помош за развој на фирмите.

Фирмите што ќе аплицираат можат да добијат масимум 2 ваучери. Со ваучерот можат да покријат до 80% од трошоците, но не повеќе од 500.000 денари по ваучер.

Ваучерите ќе се доделуваат на принцип „прв дојден - прв услужен“.

За овој јавен повик Фондот за иновации обезбеди вкупно 15 милиони денари.

Мирјана Јовеска