Кошарка
4. November 2019 - 16:08

Нов историски настап на Дончиќ, сигурни победи на „Лејкерси“ и „Клиперси“

 
 
Словенецот, Лука Дончиќ продолжува со импресивните игри. Тој во победата на Далас кај Кливленд со 131-111 оствари нов трипл-дабл и тоа со 29 поени, 15 асистенции и 14 скокови. 
 
Со тоа Дончиќ стана прв кошаркар по легендарниот Оскар Робертсон во 1965 година, кој во два меча по ред постигна најмалку 25 поени, 15 асистенции и 10 скокови.
 
 
Триумфи остварија и двата тима од Лос Анџелес. 
 
Леброн Џејмс со трипл-дабл со 21 поен, 11 скокови и 13 асистенции и Ентони Дејвис со 25 поени и 11 скокови го предводеа „Лејкерс“ до победата со 103-96 на гостувањето кај Сан Антонио
 
 
„Клиперси“ пред своите симпатизери ја победија Јута со 105-94, меч во кој Каваи Ленард постигна 30 поени за победничката, а Донован Мичел шест повеќе (36) за поразената екипа. 
 
 
Изненадувачки е поразот на Хјустон кој во Мајами загуби од „Хитси“ со 129-100
 
Во последниот меч Њујорк пред своите симпатизери беше поразен од  Сакраменто со 92-113