Свет
27. April 2017 - 18:17

Нов инцидент во Лондон: Маж вооружен со ножеви уапсен пред премиерската резиденција

Маж беше уапсен пред резиденцијата на британската премиерка Тереза Меј во центарот на Лондон.  кај уапсениот пронајдени се два ножа.

За време на инцидентот премиерката Меј не била во резиденцијата.

Полицијата соопшти дека во инцидентот никој не е повреден.

Би-Би-Си јави дека реонот е блокиран делумно. Главните влезови на британскиот Парламент се затворени.