Македонија
15. February 2019 - 16:38

Нов инцидент со автобус на Дурмо Турс

Нов инцидент со автобус на Дурмо турс утрово во Гостивар,  за среќа нема повредени. Патниците кои утрово се качиле на редовната линија за Скопје за кратко биле принудени да го напуштата автобусот. Поради паниката која се создала сите побегнале од возилото.  Трагите од кочење на булеварот Браќа Гиновски сведочат за инцидентот.

Патниците тврдат дека се блокирале задните тркала по што настанала паника во автобусот кој бил покрај постојка во градот за да собере патници. Во автобусот утрово били Ферат Решани. Тој со автобусот од агенцијата Дурмо Турс  тргнал на посета кај свој колега кој е еден од повредените во несреќата кај Ласкарци.

Агенцијата по трагичната несреќа, продолжи да сообраќа на редовните линии кои ги има на релација Гостивар- Скопје- Гостивар, како и останатите релации во и надвор од Македонија. На интернет страната нема известување за откажани автобуски линии.