Loading Video...
Свет
15. March 2023 - 16:37

Нов инцидент - при НАТО вежба пресретнат руски авион над Естонија

Се уште не разјаснет вчерашниот инцидент за уривањето на американскиот воен дрон по средбата со двата руски воени авиони сухои, нова драма на небото.Овојпат во близина на воздушниот простор на Естонија. Германски и британски ловци пресретнаа руски авион, наречен летечки трактор кој според руските власти не успеал да комуницира со естонската контрола за летање. Авионите на Германија и Британија биле во воздушниот простор на Естонија поради заедничката патролна контрола во регионот во рамките на НАТО и реагирале веднаш откако го забележале руското летало. Инцдентот се случи во областа меѓу Санкт Петерсбург и Калинград а во време на големи тензии меѓу НАТО и Русија поради уркаинската војна. Нема докази дека денешниот инцидент е поврзан со вчерашниот над Црното море за кој САД и Русија имаат различни верзии. Вашингтон обвинува за несовесно однесување. Москва за провокација.

  • Постапките зборуваат сами за себе. Она што го видовме, повторно, беше борбениот авион како фрла гориво пред овa летало, а потоа толку се приближи до дронот што всушност го оштети пропелерот на дронот. Оценуваме дека најверојатно предизвикалo одредена штета и на рускиот авион. Поради штетата на дронот, бевме во позиција да мораме да го собориме во Црното море изјави  Портпаролот на Пентагон, Пат Рајдер

Портпаролот на Пентагон не ја посочи точна локација на ицнидентот, само наведе дека ЕМ КЈу 9 бил на рутинска мисија во меѓународниот воздушен простор над Црното море. Драмата вели Рајдер траела околу 30.40 минути.

Руската верзија е  –Дронот  се урнал поради изведување остри маневри. Бил откриен над морето во близина на полуостровот Крим, кон руската државна граница, собирал информации за Украина, вели армискиот портпарол.

-Дронот летал со исклучени транспондери прекршувајќи ги границите на привремените ограничувања за користење на воздушниот простор, поставени за спроведување на „специјалната воена операција“. Тие ограничувања беа пренесени на сите меѓународни корисници на воздушниот простор и објавени во согласност со сите норми. Борбените авиони беа испратени да го идентификуваат натрапникот. Како резултат на остри маневрирања , дронот во неконтролиран лет со губење на висината се судри со површината на водата. Сакам да подвлечам: руските борбени авиони не го користеа своето оружје, не стапија во контакт со дронот  и безбедно се вратија во базата,  истакна Игор  Конашенко, портпаролот на Руското министесртво за одбрана..

Според воените аналитиачири-клучното прашање е дали средбата беше само обид на Русиај да го попречи американскиот дрон и неговата работа или постоел намерен обид да се собори. Амбасадарот на Русија во САД, Анатолиј Антонов беше повикан во Стејт департментот а по средбите со американските официјлани лица, рече дека Русија не сака никаква  конфронтација со САД.. За украинскиот претседател , индицентот е сигнал од Путин дека е подготвен да ја прошири зоната на конфликтот и да вклучи и други страни во неа.