Бизнис
11. May 2018 - 11:39

Нов хотел на охридската ривера

Туристичката понуда на Охрид од вечерва ќе биде збогатена со уште еден модерен сместувачки капацитет. На свечен начин ќе биде отворен новоизградениот хотел „Unique Resort & Spa“, кој се наоѓа во самиот град, во непосредна близина на Холандскиот парк на Кејот на Охридското Езеро.

Хотелот располага со 130 просторни соби, со модерен ентериер и пријатен амбиент, додека за гастрономската понуда ќе бидат задолжени готвачи со богато искуство.

Хотелот располага и со модерен спа-центар и фитнес-сала, како и целосно опремени конференциски сали за организирање најразлични настани.

На најгорниот кат на објектот се наоѓа летна тераса со прекрасен поглед на Охридското Езеро, а хотелот располага и со сопствен паркинг.