Нов хит во Србија: Обложувачниците примаат типување и за временска прогноза
Освен за спортски резултати, обложувачите во Србија гледаат и во РХМЗ - секој кој ќе уплати тикет за прогнозирање, дека до крајот на јуни температурата ќе достигне до 45 степени, може да добие осум пати повеќе пари.
Во билтените на одредени обложувачници меѓу таканаречени специјални се најде „ најтоплиот ден во Србија“, каде што квотата е осум дека температурата барем во еден момент до крајот на јуни било каде од Палиќ до Кошара, односно од Димитровград до Дрина, повеќе од 44,9 степени.
Обложувачите имаат алтернативна можност да типуваат на „најтопол ден во Белград“, каде границата е за три степени пониска и се наплаќа секоја температура во главниот град ако е повеќе од 41,9 степени. Добивката е иста - осум пати поголема од влогот.
Постои можност на прогнозирање и најтопол зимски ден во Белград, а квотата е исто осум и тоа на температура поголема од 24,5 степени во главниот град.
На „специјални“ се „најстуден ден во Србија“ и „најстуден ден во Белград“, се уште без ограничувања и квоти.
За добивката, меродавни се податоците на Републичкиот хидрометеоролошки завод.
Ново на Сител
-
Во општина Гостивар гласале над 20 илјади граѓани
-
До 15 часот во Велес излезеноста 38,93 отсто, во Чашка 37, а во Градско 41,64
-
МВР: Регистрирани пет нови инциденти при гласање ширум државата
-
Оваа година поголем одзив до 15 часот во споредба со 2019
-
Излезеноста во Куманово до 15 часот 33 проценти, во Липково 25, во Старо Нагоричане 35
-
Излезеноста на изборите до 15 часот во Дебар 22, во Центар Жупа 13,11 отсто
-
Во Новаци гласале повеќе од половина жители, најмала излезност во Центар Жупа
-
Излезноста до 15 часот е 35,89 отсто