Loading Video...
Фудбал
20. July 2019 - 19:44

Нов хет-трик на Ибрахимовиќ

Шампионатот на САД го одбележа дербито на Лос Анџелес кое му припадна на тимот на Галакси.  Во пријателски дуел Ливерпул поразен од Борусија Д.

Во дербито на Лос Анџелес  гледачите видоа пет погодоци но и нова мајсторија на Златан Ибрахимовиќ кој беше стрелец на три гола во победата на Галакси против градскиот ривал  Лос Анџелес од 3-2.

Интересно  противникот поведе прв со погодокот на Мексиканецот Карлос Вела но потоа следува канонадата на популарниот Ибра и пресврт на резулатот за водство од 3-1 за ЛА Галакси.

Последниот гол на мечот го постигна повторно Карлос Вела за конечни 3-2.  На табелата Лос Анџелес ФЦ води со 9 бодови предност пред градскиот ривал Галакси.