Бизнис
31. January 2020 - 19:52

Нов граничен премин меѓу Македонија и Косово, блех музика и организациски пропусти

Отворен новиот граничен премин Белановце – Станчиќ со Косово. Преминот ќе придонесе до подобра поврзаност на граѓаните и бизнисот, но ќе ја зголеми и трговската размена меѓу двете земји.

Преминот ги поврзува Липково од македонска и Гњилане од Косовска страна.

Изграден е со средства од Европската унија, а чини 1,2 милиони евра со поддршка на државата од 10 отсто.

-Проектот дава важна политичка димензија за уште еден пробиц напред, на и онака исклучително добрите односи помеѓу Република Сееверна Македонија и Косово. Резултатат на добрите односи помеѓу нашите две земји и успешна завршница на овој граничен премин, рече Спасовски.

Како и на отворањето на делницата Демир Капија – Смоквица, така и денеска не изостана блех музика.

Прославата помина со голем број организациски пропусти. Дел од новинарските екипи за да го проследат настанот беа принудени да одат пешки речиси 3 километри во еден правец.

Ова е последната точка до која на екипата на Сител Телевизија и беше дозволено да оди со возило. Оттука, па се до граничниот премин бевме принудени да одиме пешки.

Од Секретаријатот за европски прашања, институцијата која го организираше настанот велат дека до сите медиуми понудиле превоз од Скопје, и оти за тоа кое возило ќе биде пропуштено до преминот одлучувале полициските службеници на терен.