Македонија
10. јуни 2019 - 18:36

Нов граничен премин кон Косово

Граничниот премин Белановце ќе биде пуштен во употреба до крајот на летово. Надлежните информираат дека во моментов се изведуваат завршните градежните активности. Велат дека овој македонско-косовски граничен премин е од особено значење за локалното население, а ќе придонесе и за раст на трговската размена меѓу двете држави.

Освен македонскиот вицепремиер, Бујар Османи, увид во активностите на терен изврши и косовскиот вицепремиер Енвер Хоџај, за кого не беше обезбеден превод. Освен тоа, Османи на новинарските прашања одговараше само на албански јазик, поради што не сме во можност да информираме ниту за поставените прашања, ниту за одговорите од владините претставници на двете држави.