Loading Video...
Спорт плус
6. October 2019 - 15:29

Нов голем успех на Емил Павлов во Премиер лигата

 
 
 
Најдобриот македонски каратист кој минатата година го понесе и признанието за најдобар спортист на Македонија, Емил Павлов освои уште еден златен медал во карате Премиер лигата. 
 
Тој на турнирот што се одржуваше во Москва, денеска во финалето во категоријата до 60 килограми го победи Турчинот, Ерај Семдан со 3-1.
 
Потсетување дека на патот до финалето Павлов оствари уште пет победи, од сигурно најзначајна бешее онаа во полуфиналето над актуелниот светски шампион Италијанецот, Анџело Крешенцо.
 
Она што е уште позначајно е дека настапите во Премиер лигата се бодуваат и за норма преку која Павлов брка настап на Олимпијадата во Токио догодина.